Бернд Будер е роден 1964 година во Западен Берлин. Студирал политички науки на Freie Universität Berlin и оттогаш тој патува низ меѓународниот филмски пејсаж како куратор, филмски новинар и предавач. Од 1996 – 2005 е програмски директор на берлинското уметничко филмско кино „Berliner Filmkunsthaus Babylon“. Консултант е на неколку филмски фестивали, меѓу кои Филмскиот фестивал во Приштина, филмскиот и театарскиот фестивал „Скена ап“ во Приштина и Филм фестивалот „Котбус“ со кој соработува од 1996 година. Од 2005 година, Будер е консултант за секцијата Форум на Берлинскиот филмски фестивал за земјите од поранешна Југославија. Годинава Бернд е селектор на годинешната официјалната и СЕЕ програма на „Синедејс“.
Со Будер разговаравме за годинешната програма на „Синедејс“ и за трендовите во европската и светска кинематографија, но и за македонскиот филм. За македонсите филмаџии за кои Будер ќе каже- „Таа горчливо-слатка иронија присутна кај македонските режисери која поминала низ ролеркостер возење низ историјата и не ги решава проблемите, но помага да останете жив и во некоја индивидуална емоционална рамнотежа. Други делови од Европа би можеле да учат од тоа“.
Трн: Кажете ни малку повеќе за овогодинешната натпреварувачката програма на Синедејс фестивалот? Кој беше главниот фокус кога ја правевте селекцијата?
Бeрнд: Идејата беше да се состави програма која ја прикажува разновидноста на стилови и пристапи. Оние гледачи кои ја следат целата програма треба добијат авантуристичко возење низ програмата помеѓу анимација и есеј, трилер и арт филм. Исто така, секогаш сакам да ги истакнувам филмовите кои не ја учат публиката, но предизвикуват да размислувате и да го барате надреализмот во рамките на кинематографско искуство.
Трн: Македонската кинематографија ви е позната. Дали имате ваш омилен филм или режисер?
Бeрнд: Можеби звучи како клише, но сепак „Пред дождот“ ми е омилен, бидејќи го обединува пејзажот со главниот лик, композицијата на слики со глума и е многу релевантен без да ја притиска пораката директно во лицето на публиката. Од „Пред дождот“ наваму се појавија многу македонски режисери, успеаја некои помлади, но и постари режисери да раскажуваат приказни блиски до животот како Дина Дума или Даријан Пејовски, експериментираји со класичните жанровски формати во живо. Решисери како Вардан Торзија, кои раскажуваат приказни за локални теми и здрава порција самоиронија. Овој вид на горчливо-слатка иронија, како во филмовите на Владимир Башески или Ѓорче Ставрески е типична за Југоисточна Европа и поминала низ едно ролеркостер возење низ историјата. Во оваа група секако треба да има повеќе имиња споменати. Оваа горчливо-слатка иронија во македонскиот филм не ги решава проблемите, но помага да останете жив и во некоја индивидуална емоционална рамнотежа. Други делови од Европа би можеле да учат од тоа.
Трн: Работите како селектор на неколку филмски фестивали. Кажете ни за новите трендови во кинематографијата во Европа и во светот?
Бeрнд: Како што споменавме порано, мислам дека пазарот е премногу фрагментиран за да се зборува за трендовите. Исто така, во некои земји ќе имате политички проблеми или може да завршите и во затвор, ако премногу отворено се однесувате кон социјалните или политичките прашања. Во други земји повеќе нема да добивате средства ако го сторите тоа исто така отворено. Така да се соочуваме со се повеќе лични приказни, кои често одат многу длабоко во срцето на општеството. Формално, филмаџиите започнаа да мешаат жанрови, со некои многу убави видливи резултати.
Трн: Која е улогата на филмските фестивали како Синедејс во промоцијата на филмовите направени во Југоисточна Европа?
Бeрнд: Пред се е од суштинско значење како точка на средба меѓу филмаџиите и нивната публика. Филмаџиите добиваат веднаш повратни информации, а ние заедно плачеме, се смееме, страдаме. Тоа е заедништвото поради кое ги сакам филмските фестивали – во исто време средба со луѓе кои ми велат дека овој филм е целосна досада и други кои сè уште ги чувствуваат магичните вибрации од изминатите 90 минути. За промоцијата на филмовите од Југоисточна Европа, фестивалите како „Синедејс“ се во исто време егзистенцијален излог кон регионот и кон другиделови од светот. На тие фестивали можеме да ги почувствуваме дадените емоции од секој филм, во јасна контрадикција со асептичниот почетен екран.