Пријавените филмови треба да се со времетраење до 20 минути, со година на продукција 2023/2024. Истите, може да се во формат на анимиран или игран филм.
Конкурсот е отворен до 1 јуни, по кој учесниците ќе бидат информирани во најкус рок.
За учество на конкурсот треба да се испрати мејл со основни податоци за филмот на е-адресата contact@cinedays.com.mk.
CINEDAYS – Фестивал на европскиот филм
CINEDAYS претставува идеја за „славење на европската кинематографија“, основана во 2001 година од големиот шпански режисер Педро Алмодовар во соработка со Вивиан Рединг, која денес е членка на Европскиот парламент. CINEDAYS започна како „недела на европскиот филм“ во сите главни европски градови, во форма на денови на прослава на европското кино. Истовремено, оваа „недела на европската кинематографија“ се одржа и во Младинскиот културен центар во Скопје, Северна Македонија.
Во изминатите 22 години, со секое ново издание на фестивалот се трудевме да ги надминеме сопствените граници, водејќи се од една водечка идеја – да ѝ ја претставиме на секогаш жедната публика најдобрите и најнаградувани европски филмови.
Главната програма на фестивалот секоја година се состои од неколку сегменти:
- Натпреварувачка програма
- ГАЛА (или Вонконкурентна) програма
- Најдобрите филмови од Југоисточна Европа
- Музички документарци
- Кино за најмладите
- Кратки филмови
- Бројни филмски работилници, мастер-класови и индустриски настани
Повеќе информации може да најдете на: www.cinedays.mk