Според информациите од СКРМ, синдикатот ја примил првата судска одлука која потврдува дека правата на културните работници биле прекршени поради незаконските одлуки за нивните плати.
„Прес-конференцијата ќе биде посветена на повеќе од 800 поднесени тужби од страна на вработените во културата, кои се поднесени поради нелегално донесените решенија и неправедната пресметка на платите“, истакнаа од СКРМ.
Од синдикатот додаваат дека судската одлука потврдува дека правата на културните работници биле нарушени со незаконските решенија во однос на плати.
Во текот на прес-конференцијата, СКРМ ќе ги информира медиумите и јавноста за идните мерки што ќе бидат преземени со цел заштита на правата на културните работници.
Извор: Рацин