Синдикатот на Air Canada: Кабинскиот екипаж продолжува со штрајкот

Кабинскиот персонал на Air Canada го продолжува штрајкот и покрај наредбата за враќање на работа. Откажани се стотици летови, погодени се 100.000 патници.

Кабинскиот екипаж на авиокомпанијата Air Canada во соопшти дека ќе продолжи со штрајкот и дека ќе ја оспорува наредбата за враќање на работа, која ја оцени како неуставна, пркосејќи ѝ на одлуката на владата која им нареди да се вратат на должност до 14:00 часот по локално време.

Air Canada објави дека планира да ги продолжи летовите во неделата навечер, ден откако канадската влада издаде директива за прекин на штрајкот на кабинскиот екипаж. Штрајкот предизвика откажување на околу 700 дневни летови, оставајќи над 100.000 патници без летови.

Ова е прв штрајк на кабинскиот екипаж на Air Canada од 1985 година, а започна во саботата, по неуспешни месечни преговори за нов колективен договор.

Канадскиот синдикат на јавни службеници соопшти дека членовите ќе продолжат со штрајкот, и ја повика компанијата да се врати на преговарачката маса и да постигне договор.

Авиокомпанијата информираше дека и натаму ќе има откажувања на летови во наредните седум до десет дена.

Канадскиот одбор за индустриски односи (CCRI) наложи на Air Canada да ги обнови операциите, а на сите членови на кабинскиот екипаж на Air Canada и нискобуџетната подружница Air Canada Rouge им нареди да се вратат на работа до 14:00 часот (20:00 по европско време) на 17 август 2025.

Штрајкот започна во раните утрински часови во саботата, откако екипажот одби да работи поради ниски плати.

Покрај зголемување на платите, синдикатот бара надомест за неплатената работа на земја, која според нив е особено значајна за време на влезот и подготовките за полетување.

Air Canada секојдневно превезува околу 130.000 патници и поврзува 180 градови ширум светот преку директни летови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни