Синдикатот го блокира Собранието: Трендафилов им посака „добро утро“ на пратениците кои 2 години ги игнорираат работничките плати

Голем дел од пратениците рано утрово дојдоа пред 9 часот за да избегнат средба со работниците. Се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат платата, а во исто време нивните плати ќе се зголемат за 12,6%“

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, утрово пред Собранието ги критикуваше пратениците за тоа што две години го блокираат предлогот на синдикатот за зголемување на минималната плата и сите работнички плати за најмалку 6.000 денари.

Трендафилов најави мирна блокада на две локации, која ќе трае до почетокот на седницата закажана за 11 часот, со цел пратениците да не можат да пристигнат до своите возила и да мора да користат пеш или јавен превоз.

„Голем дел од пратениците рано утрово дојдоа пред 9 часот за да избегнат средба со работниците. Се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат платата, а во исто време нивните плати ќе се зголемат за 12,6%“, рече Трендафилов.

Тој додаде дека ако платите на работниците не се зголемат, ССМ ќе собере 10.000 потписи и ќе побара намалување на пратеничките и функционерските плати, укажувајќи дека претходната иницијатива била оценета како „неуставна“ бидејќи пратениците не можеле да го сфатат животот на минималец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни