Синдикатите подготвуваат масовен протест: работниците бараат минимална плата од 600 евра

Протестот ќе започне во 17:00 од зградата на ССМ и ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата, со повик до сите работници кои се незадоволни од сегашните плати да се приклучат

Сојузот на синдикати (ССМ) во среда организира голем протест поради незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Протестот ќе започне во 17:00 од зградата на ССМ и ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата, со повик до сите работници кои се незадоволни од сегашните плати да се приклучат.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, најави дека ова е само првиот чекор од низата активности кои вклучуваат дополнителни протести, блокади и потенцијален 24-часовен генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор. Според него, македонските работници се соочуваат со растечки трошоци за живот и ниски плати, додека странските компании привлекуваат квалификуван кадар што заминува од земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни