Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ја објави вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари.
Според ССМ таа во февруари изнесува 67.382 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2025 година која изнесува 66.413 денари е зголемена за 969 денари.
Дополнителен товар трпат семејствата што живеат под кирија. Доколку се пресмета изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните минимални месечни трошоци се искачуваат на 82.757 денари, што значително ја зголемува финансиската потреба за основно преживување.
Истовремено, минималната плата изнесува 24.400 денари, додека просечната нето плата во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари.