Синајскиот архиепископ Дамианос до грчката и египетската Влада: Мојот живот е во опасност

Апел до владите на Египет и Грција да го заштитат, бидејќи како што вели, неговиот живот е во опасност, упати архиепископот Дамианос и игумен на синајскиот манастир Света Катерина, преку видеото објавено во грчките медиуми.

Според информациите во медиумите, тензиите во синајскиот манастир продолжија и денеска кога монасите-бунтовници кои беа исклучени од братството, одбиле да си заминат, останале пред вратите на манастирот, обидувајќи се да влезат внатре.

„Со помош на Света Катерина и Пресвета Бегородица, која ја славиме утре по стариот календар, се возобнови редот, канонскиот ред и законитоста во нашиот манастир. Но, мојот живот е во опасност. Ги молам како египетската влада, чиј граѓанин сум, и грчката влада да ме заштитат од секаква можна опасност“, рече архиепископот во видеопораката објавена денеска.

Минатиот месец, синајскиот архиепископ обвини за обид за негово разрешување од позицијата игумен на манастирот Света Катерина од група од околу десет монаси, а синоќа соопшти дека вчера попладне пристигнал во манастирот „со цел помирување и разговор со малата група бунтовни монаси“, кои организирале собрание без негово одобрение и без негово присуство, со намера да го изменат Правилникот за функционирање на манастирот.

„Бунтовните монаси ме нападнаа и ме навредуваа, како што тоа го направија и при моето последно доаѓање во манастирот. Монасите кои не учествуваа во бунтот со пожртвуваност ги бранеа мојата скромност и манастирот, а незаконските бунтовници ги избркаат надвор од ѕидовите на манастирот“, пишува во соопштението од архиепископот.

Потоа било свикано Собрание со присутните монаси, бунтовниците со оглед на тоа што биле казнети со екскомуникација не учествувале, а било избрано ново братство со што „манастирот повторно се врати во законитост и канонски ред“. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни