Синџирот ресторани, Хутерс, познат по пилешките крилца и келнерките со тесна облека отиде во стечај

Фото: Bristol Motor Speedway & Dragway

Хутерс (Hooters), познатиот американски ланец на ресторани познат по своите пилешки крилца и специјално облечените келнерки, поднесе барање за стечај во Тексас додека се обидува да ги реши своите долгови со продажба на сите ресторани во сопственост на компанијата на група поддржана од нејзините основачи, јавува Би-Би-Си.

Компанијата моментално директно поседува и управува со 151 ресторан, додека други 154 се управувани од франшизи, главно во САД. Компанијата соопшти дека нејзините ресторани, кои служат класична американска „бар храна“, ќе останат отворени за време на процесот и ќе работат како и обично.

Како и многу други синџири на ресторани за брза храна, Хутерс се мачеше во последниве години поради зголемените трошоци и платите, како и поради намалената потрошувачка меѓу рестораните. „Нашите иконски ресторани Хутерс се тука да останат“, рече Сал Мелили, извршен директор на Hooters of America во изјавата.

„Денешното соопштение претставува важна пресвртница во нашите напори да ја зајакнеме финансиската основа на Хутерс“, додаде тој.

Компанијата планира да ги продаде сите свои ресторани во корпоративна сопственост на група составена од двајца постоечки газди франшизи на Хутерс, кои веќе управуваат со 14 од најпопуларните локации на Хутерс во Тампа, Флорида и Чикаго, Илиноис. Групата вклучува некои од основачите на синџирот, кои ветија дека ќе ја вратат компанијата на нејзините „корени“ и ќе ја направат попријатна за семејството.

Хутерс не ја откри вредноста на планираниот договор, кој допрва треба да биде одобрен од американскиот стечаен судија. Се наведува дека „планот за спас“ треба да биде завршен во следните четири месеци.

Хутерс е основан во 1983 година и е познат по својот персонал од претежно млади жени – познати како „Hooters girls“ – и неговите пилешки крилца. Тесната облека што ја носат келнерките стана централен дел од јавниот имиџ на синџирот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни