Симулација открива што му се случува на телото ако престанете да јадете по 19 часот

Водењето поздрав начин на живот често звучи едноставно, но во пракса ретко е така. Брзиот ритам, работните обврски и секојдневниот стрес ја претвораат правилната исхрана во постојан предизвик.

Многу луѓе вложуваат сериозен напор да ги променат навиките, но и покрај тоа, резултатите изостануваат. Според експертите, проблемот понекогаш не е во тоа што јадеме, туку кога јадеме.

Јадењето или грицкањето во часовите пред спиење може да испрати погрешен сигнал до организмот. Наместо да согорува масти, телото тогаш има тенденција да ги складира, а доцните оброци можат да имаат уште еден непосакуван ефект, да ја зголемат гладта во текот на наредниот ден.

Зошто не се препорачува јадење по 19 часот

Правилото „не јади по 19 часот“ за многумина звучи како мит, но научните истражувања покажуваат дека има реална основа. Ако се избегне внес на храна во вечерните часови, телото влегува во поповолен инсулински циклус. Нивото на инсулин во текот на ноќта останува пониско, што ја забавува дигестијата и го префрла организмот во режим на согорување масти.

Овој ритам не придонесува само за слабеење. Тој може да ја намали надуеноста, да го продолжи чувството на ситост во текот на денот и да ја олесни контролата на грицкањето меѓу оброците. Дополнително, престанокот со јадење навечер носи и придобивки слични на интермитентниот пост, бидејќи поголемиот дел од 12-часовниот пост се „покрива“ со сон.

Што покажало истражувањето на Харвард

Истражување спроведено од Harvard Medical School дополнително укажува на негативните ефекти од доцната вечера. Научниците ги поделиле учесниците во две групи, оние што јаделе порано и оние што јаделе доцна навечер, при што исхраната била строго контролирана.

Резултатите покажале значајни промени во хормоните поврзани со гладот, лептин и грелин. Кај групата што јадела подоцна, нивото на лептин, хормонот кој го сигнализира чувството на ситост, било намалено дури и 24 часа подоцна. Тоа значело поголема глад и потешка контрола на апетитот. Истовремено, телото за време на спиењето согорувало помалку калории, а биле забележани и промени во генската експресија поврзани со зголемено складирање масти.

Раководителот на истражувањето, професорот Френк Шир, нагласил дека дури и поместување на оброкот за само четири часа подоцна може значително да влијае врз чувството на глад, начинот на согорување калории и складирањето масти.

Влијанието врз сонот

Доцната вечера значи дека телото сè уште активно ја вари храната во моментот кога се обидувате да заспиете. Тоа го зголемува ризикот од киселини, дигестивни тегоби и покачено ниво на шеќер во крвта, што негативно влијае врз квалитетот на сонот. Лошиот сон, пак, дополнително ја нарушува контролата на апетитот наредниот ден.

Ако престанете да јадете најмалку три часа пред спиење, можно е да се будите поодморени, со повеќе енергија и со тек на време да забележите промени во обемот на струкот. Понекогаш, решението не е во уште една нова диета, туку во тоа што го покажува часовникот на ѕидот.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни