Симптоми дека сте во врска со љубоморен човек

Љубомората во врската може да биде чест проблем. Во продолжение откријте ги знаците на претерана љубомора за да можете да ја препознаете и да разговарате со партнерот пред таа да прерасне во многу посериозен проблем и да му наштети на вашиот однос.

Партнерот ги поставува правилата на врската
Сите правила што ги следите во врската ги поставува вашата друга половина. Но, од друга страна, за него не важат истите правила. Зошто тогаш само вие да бидете ограничени?

Чувствувате вина
Се чувствувате виновни секогаш кога ќе излезете на пијачка со пријателите наместо да ја поминете вечерта со партнерот. Од друга страна, кога земате слободни денови од работа за да отпатувате некаде заедно, партнерот не може да се вклопи во вашиот распоред. Сигурни сте дека сакате ваков живот во кој постојано се чувствувате виновни за секоја одлука и постапка, дури и ако ништо лошо не сте сториле?

Постојано ги спомнува вашите поранешни партнери
Дури и ако одамна сте прекинале секаков контакт со поранешните партнери, се чини дека партнерот секогаш ве потсетува на нив. Ве прашува какви биле, што убаво направиле за вас. Можеби дури и ќе почне да ве обвинува дека сè уште негувате чувства кон некого од нив. Не дозволувајте врските од минатото да влијаат на вашиот сегашен емотивен живот, особено не на овој начин.

Извор: metropolitan.si

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни