Симптоми дека некој ве сака

На девојките не им е лесно да ги протолкуваат движењата на момците.

Посебно на првите средби кога и намерите не се баш јасни. Но, постојат некои моменти кои се чиста класика – момците толку често ги прават (несвесно) што не може а да не можете да ги прочитате.

Има трема

Ако му се допаѓате на момчето самата ваша појава ќе предизвика трема и нервоза кај него. Типичните знаци се смеење или лутење без причина, испотени дланки, нервозни движења, врткања … Момците сакаат да ги контролираат своите емоции. Ако тоа баш не им оди така лесно кога се во ваша близина значи дека „има нешто“.

Се приближува

Ако момчето е заинтересирано за вас ќе забележите дека додека зборува или едноставно стои до вас неговото тело се приближува кон вашето, се навалува накај вас, или буквално ви се внесува во лицето! Сака да ви каже дека сака да се зближите.

Очите го издаваат

Сите знаеме дека „очите се огледало на душата“. Ако ве гледа упорно и долго и често па се прави дека не ве гледа, па пак зјапа во вас, дефинитивно му се допаѓате. Возвратете со романтичен поглед и насмевка да покажете дека сте заинтересирана, секако, ако сте.

(Случајно) ве допира

Еден сигурен знак дека му се допаѓате на момчето е тоа што ќе ја искористи секоја можна прилика да ве допре – можеби за рака, нога, колено, да ве фати за половината, не е важно каде, важно е дека сака да бидете (физички) блиски.

Внимателно слуша

Момците сакаат да зборуваат за себе (да се фалат поточно) и за нивните омилени работи како фудбал, спортска, автомобили, жени … Доколку успеете да го привлечете неговото внимание и го натерате да престане да зборува и почне да ве слуша мора да станува збор за љубов или барем за силна привлечност.

Извор: telegraf.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни