Симон Трпчевски стана почесен граѓанин на општина Босилово

Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев на социјалните мрежи објави дека од денес нашиот најголем пијанист Симон Трпчевски е почесен граѓанин на општина Босилово.

„Честа и задоволството е обострано и големо. Мило ми е што еден голем Македонец, голем родољуб, светски признат и почитуван уметник, како Симон Трпчески, е дел од нашата локална заедница.

Да се надеваме дека во иднина ќе имаме можност уште еднаш да го видиме Симон Трпчески на концерт во нашата општина“, напиша Манчев.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни