Симеон Ангеловски Квинтетет во Котур

Репертоарот е составен од шест оригинални, авторски композиции чиј што автор е Симеон Ангеловски, но дополнет со изведби на неколку традиционални теми Албумот, кој што сеуште не е официјално издаден, под наслов “Промени”

Во вторник на 22 октомври од 21:00 часот, во Котур, концерт ќе одржи Симеон Ангеловски Квинтетет.

Бендот е проект составен во 2023та. Се работи за мешан состав (Македонија и Србија) составен од пет члена, Филип Динев- Гитара, Дамјан Грујо – Тапани, Алекса Ранчиќ – Труба, Петар Питаревиќ- Клавијатури и Симеон Ангеловски- Бас.

Репертоарот е составен од шест оригинални, авторски композиции чиј што автор е Симеон Ангеловски, но дополнет со изведби на неколку традиционални теми Албумот, кој што сеуште не е официјално издаден, под наслов “Промени” (Changes) и претставува музички израз на целото досегашно искуство на Симеон т.е фузија на џез, балкан, афро, соул и ориентални звуци преточени во музика преку инструментите на Филип, Дамјан, Алекса, Петар и Симеон кои што со нивниот музички интелект и имагинација додаваат нови нијанси.

Прва песна на албумот е песната со наслов “Време” (Time), потоа “Во име на Фела” (In the name of Fela), “Вујче од Багдад” (Uncle from Baghdad) итн. Бендот е составен од млади но докажани џез ентузијасти чија што заедничка идеја и пасија е љубовта кон музиката и сите нејзини убавини и мистерии низ кои што, преку овој Квинтет, заедно патуваат, се забавуваат и ствараат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни