Поминаа 80 години откако советската Црвена армија го ослободи нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц.
За време на Втората светска војна, во окупирана Полска, овде беа убиени повеќе од еден милион и сто илјади жртви. Меѓу нив имало најмногу Евреи, Полјаци, Роми, советски воени затвореници и други кои нацистите ги сметале за непожелни.
Денес, Аушвиц е нем сведок на најтемната точка во историјата на човештвото. Симбол на холокаустот и страдањето на шест милиони Евреи на европско тло.
Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот е основан во 2005 година и се слави на 27 јануари.