Силјановска во Крушево, Мицковски во Скопје а Бендевска во Пелинце за Илинден

Државниот врв на Северна Македонија ќе одбележи националниот празник Илинден на повеќе локации, вклучувајќи ги Крушево и Пелинце

Државниот врв и оваа година ќе го одбележи националниот празник Илинден на различни локации, следејќи ја долгогодишната традиција за чествување на двата Илиндена – Крушевскиот и АСНОМ-скиот.

Од прес службата на Влада информира дека по повод чествувањето на големиот празник 2 Август – Ден на Републиката – Илинден, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе положи свежо цвеќе на следните локации во Скопје:

10:00 часот, полoжување свежо цвеќе на споменикот на Претседателот на Крушевската Република, Никола Карев;

10:20 часот, полoжување свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ (парк Жена Борец);

10:40 часот, полoжување свежо цвеќе на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто (плоштад Македонија).

По завршувањето на официјалниот дел од положувањето свежо цвеќе, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе присуствува на централната манифестација во Крушево, на Мечкин Камен – симболот на Крушевската Република и илинденското востание од 1903 година.

Во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, ќе одбележи 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во состав: Бети Стаменкоска-Трајкоска, Славјанка Петровска, Бобан Карапејовски и Малиша Станковиќ, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието; пред споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“ и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, на плоштадот „Македонија“.

Собраниска делегација, во состав Биљана Кузманоска и Митко Трајчулески, ќе положи свежо цвеќе во Крушево, на гробот на Никола Карев, Македониум; пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и на „Мечкин Камен“.

Извор МИА

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни