Познатиот актер Силвестер Сталоне привлече рекорден број на луѓе на скалите во Музејот на уметност во Филаделфија чија популарност се должи токму на него.
Ова случување беше по повод првиот „Rocky Day“ во Филаделфија.
На 3 декември 1976 година, првиот филм „Роки“ го имаше своето деби. Филмската франшиза ја зголеми популарноста на Сталоне, познат како Роки, кој стана иконска легенда на Филаделфија.
„Времето помина за миг “, изјави Сталоне. „Мислам дека не направив доволно за Филаделфија, навистина не направив. Сакам да направам повеќе. Овој „Роки ден“ е почеток на тоа и допрва доаѓа доброто време. Ќе му се оддолжам на овој град кој за мене направи многу “.
Додека ги поздравуваше своите многубројни обожаватели и зборуваше со толпата, тој сакаше Филаделфија да знае дека е град што го инспирира.
Тој го спореди патувањето на Роки Балбоа и неговото патување, со искачувањето на 72-те иконски скалила во музејот за уметност.
„Според мене , кога ќе се качите таму, се чувствувате како да можете да бидете шампион на вашите соништа“, рече тој. „Но, вистинската победа е никогаш да не се откажувате и да го изодите долгиот пат за себе и вашите најблиски. Стоејќи на врвот, се потсетувате дека сè е возможно. ‘’
До познатата статуа Роки на актерот му се придружи и неговиот пријател и актер Чеви Чејс за да го одбележат моментот заедно.
Околу 4 милиони луѓе ја посетуваат неговата статуа секоја година.
„Ова со статуата, никогаш не мислев дека ќе се реализира“, се насмеа Сталоне.
Тој го прослави и свеченото отворање на новиот Rocky Shop.
Оваа продавница ги има единствените официјални продукти од франшизата и сега е официјално отворена.
Продавницата сенаоѓа во основата на познатите скали на Музејот на уметност во Филаделфија и е отворена пет дена во неделата.
Извор: https://6abc.com/sylvester-stallone-rocky-day-philadelphia-museum-of-art-entertainment/14137957/