Силно снежно невреме во САД одзеде 5 животи

Седум американски држави прогласија вонредна состојба откако зимската бура одзеде животи на 5 лица. Националната метеоролошка служба (NWS) предупредува дека делови од државата ќе се соочат со најголемата снежна бура во последените 10 години.

Ова невреме започна во саботата, со силни врнежи од снег и мраз. Многу улици се затрупани со снег и се непроодни. Досега има пет смртни случаи поврзани со снежното невреме. Американскиот Ен-Би-Си Њуз, соопшти дека маж починал додека отстранувал снег во Џексон, Мисури.

Две лица на возраст од 20 години исто така починаа кога нивното возило се преврте во Канзас. Во Тексас, машко тело било пронајдено на автобуска станица во Харис, Хјустон. Се верува дека починал од студеното време.

Повеќе од 60 милиони луѓе во околу 30 држави се под метеоролошки предупредувања. NWS предупреди за нови обилни снежни врнежи од Канзас и Мисури па се до Њу Џерси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни