Силно поскапување на нафтата – санкциите на САД против Русија го потресоа пазарот

Цените на нафтата скокнаа за околу 7% по санкциите на САД против руските гиганти Лукоил и Роснефт. Москва предупредува дека мерките се контрапродуктивни.

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела пораснаа за околу 7%, откако Вашингтон воведе санкции против најголемите руски производители на нафта поради војната во Украина.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта се зголеми за 7,6% – на 65,94 долари, додека на американскиот пазар поскапе за 6,9% – на 61,50 долари.
Силниот скок започна пред пет дена, кога претседателот на САД, Доналд Трамп, најави санкции за руските нафтени гиганти Лукоил и Роснефт, компании кои заедно произведуваат повеќе од 5% од светската нафта.

Трамп изјави дека го откажал планираниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи разговорите за Украина не би донеле резултати. Целта на санкциите е да се намали приходот на Русија од нафта и гас, кој сочинува околу четвртина од нејзиниот буџет, со цел да се изврши притисок за преговори за мир.

Реакции од Москва

Руските власти одговорија дека санкциите се контрапродуктивни и нема да помогнат во потрагата по мир. Трговците стравуваат дека тие мерки ќе ја отежнат испораката на нафта кон Кина и Индија, кои се меѓу најголемите купувачи на руската нафта.
Доколку овие земји го намалат увозот, други добавувачи ќе мора да надоместат околу четири милиони барели дневно, што предизвика нагло поскапување на пазарите средината на неделата.

Стабилизација кон крајот на неделата

Кон крајот на неделата, цените се делумно стабилизираа, бидејќи аналитичарите очекуваат дека производството на нафта ќе расте побрзо од побарувачката.
Причината е зголемената активност на ОПЕК и другите големи производители, додека економскиот раст во светот е послаб од очекувањата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни