Обилни дождови предизвикаа поплави во Шпанија: Стотици спасувања и евакуации
Најмалку 20 литри дожд по квадратен метар наврнаа во само 15 минути во неделата, предизвикувајќи нанадежни поплави низ провинцијата Сарагоса во Шпанија.
Според RTVE, многу жители останале заробени во своите домови, откако улиците и канализацијата не можеле да ја издржат количината на дожд.
Најпогодени региони
Најсериозно погодени биле местата Куарте (Cuarte), Кадрете (Cadrete) и Марија де Уерва (María de Huerva)
Итните служби интервенирале во повеќе од 120 случаи, вклучувајќи спасувања од поплавени домови и евакуации на возила и луѓе.
Во градот Кастељон, пожарникарите успеале да извлечат лице заробено во поплавено возило, додека снимки од Манисес (Manises) покажуваат автомобили како се движат низ улици полни со вода.
Поплави и во регионот Валенсија
Во некои градови во регионот Валенсија, наврнале до 57 литри дожд во рок од 35 минути, предизвикувајќи локализирани поплави и блокирани патишта.
Чистење и обновување
Од понеделник, екипите за јавни работи започнаа со расчистување на кал и остатоци, користејќи тешка механизација за повторно отворање на патиштата.
Пожарникарите и групите за цивилна заштита продолжуваат со спасувачки интервенции и проверка на штетите низ целите погодени области.