Силно невреме однесе три животи, половина милион луѓе останаа без струја во САД

Силна бура ги зафати Пенсилванија, Охајо и соседните сојузни држави во САД, при што најмалку три лица ги загубија животите, а речиси половина милион луѓе останаа без електрична енергија.

Во Пенсилванија без струја останале повеќе од 425.000 потрошувачи, а во Охајо дополнителни 40.000, јавува агенцијата АП. Исто така, илјадници домаќинства без струја се пријавени и во Мичиген, Њујорк и Западна Вирџинија.

Компаниите за електроснабдување соопштија дека работат на обновување на мрежата, но предупредија дека дел од прекините може да траат и до седум дена.

„Ова е природна катастрофа од размери што ретко се гледаат“, изјави Метју Браун, раководител на службата за вонредни ситуации во округот Алегени, Пенсилванија. Тој предупреди дека за утре е најавено ново невреме.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни