Директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи и ги повикува граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, истите да ги пријават на бројот 112.
Според пријавите и интервенциите до 21:00 часот на 07.01.2026 година:
Гостивар – Стража: одрони на патот, сообраќајот се одвива редовно.
Тетово – Бањиче: одрони покрај коловозот кои отежнуваат сообраќајот.
С. Балин Дол: излевање на Вардар;
поплавени 10 земјоделски парцели и неколку дворови; намалено производство на ХЕЦ Маврово.
С. Мало Турчане и с. Горно Бањице: излевање на Лакавичка и Сушичка река; поплавено земјоделско земјиште; општината нема соодветна механизација.
С. Форино: паднато дрво во коритото на Вардар, ризик од поплава; екипа со моторна пила на терен.
Тетово–Бањиче (Цртаниот ѕид): свлечишта и одрони; патот расчистен со багер и обележан.
Битола и околина: С. Лера: поплава кај мостот, можно проширување кон селото.
Општина Ресен (с. Перово, с. Дремени, Долна Бела Црква): поплавени дворови и земјоделски земјишта; реките не се излеани.
С. Сирхан: одрон отстранет.
Охрид и Кичево: Охрид: поплавени подруми, гаражи и дворови; ЈП и локалната самоуправа интервенирале.
Кичево: поплавени стамбени објекти на ул. Прилепска; евакуирани 60 лица во спортската сала Христо Узунов.
Охрид – Пештани (кај хотел Гранит): одрон на патот; патот прооден, расчистување на поголеми нанос се очекува во наредни 1–2 часа.
Струга (Татеши – Мислодежда, Дебар – Струга): расчистување свлечишта и одрони.
Боговиње: Поплави на обработливо земјоделско земјиште поради затекнат канал од изградба на автопат; нема загрозени куќи.
Сите надлежни служби се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи. Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат официјалните упатства.
