Силни земјотреси ја стресоа Латинска Америка: 5,9 степени во Костарика и 5,7 во Аргентина

Латинска Америка ноќеска беше погодена од серија на силни земјотреси кои ја вознемирија јавноста во повеќе држави.


Првиот потрес е регистриран во Аргентина, во провинцијата Ла Риоха, со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил лоциран околу 188 километри северозападно од градот Сан Луис, кој има приближно 183.000 жители.

Само неколку минути подоцна, втор силен земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди подрачјето на Костарика, во провинцијата Сан Хозе. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот се случил во вторник, 21 октомври 2025 година, во 21:57 часот по локално време.

Засега нема информации за жртви или поголеми материјални штети, но локалните власти внимателно ги следат последиците и предупредуваат на можни нови потреси.

Извор: earthquaketrack

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни