Силни експлозии одекнуваат во Киев: „Русија го напаѓа главниот град!“

Украинските воздухопловни сили објавија на своите социјални мрежи движење на беспилотни летала и ракети над неколку украински региони, вклучувајќи го и главниот град.

Во ноќта од петок кон сабота, во Киев се слушнаа серии гласни експлозии, објави новинар на АФП, откако властите предупредија дека Украина е под закана од руски ракети.

Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува да отпатува во Флорида за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во недела, целата територија на Украина беше во состојба на воздушен напад кратко по 2:00 часот по локално време, според мапата објавена од властите.

Украинските воздухопловни сили објавија на своите социјални мрежи движење на беспилотни летала и ракети над неколку украински региони, вклучувајќи го и главниот град.

„Експлозии во главниот град. Воздушната одбрана е во акција. Останете во засолништата!“ напиша градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

„Ве молам останете во засолништата! Непријателот го напаѓа главниот град“, рече Тимур Ткаченко, началник на воената администрација во Киев.

Повеќе од четири години откако Русија ја започна својата голема офанзива, разговорите насочени кон решавање на конфликтот се забрзаа во последните недели по откривањето на планот на Доналд Трамп.

Лидерите на Украина и Европската Унија првично го сметаа планот за премногу поволен за Москва, додека Зеленски оваа недела презентираше ревидирана верзија. Тој повикува на замрзнување на моменталната ситуација на фронтот и не нуди итно решение за територијалните претензии на Русија, кои опфаќаат повеќе од 19% од Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни