Силна ерупција на вулкан во Индонезија

Ерупцијата, која започна во понеделник наутро, предизвика нова рунда евакуации, а локалните власти ја прошируваат зоната на забрана

На Индонезискиот остров Флорес, вулканот Левотоби Лаки-лаки повторно еруптираше, исфрлајќи огромен облак од пепел во висина од 18 километри.

Ерупцијата, која започна во понеделник наутро, предизвика нова рунда евакуации, а локалните власти ја прошируваат зоната на забрана.

Истовремено, воведено е највисоко ниво на тревога, објави Би-Би-Си .

Засега нема информации за жртви, но повеќе од 4.000 луѓе веќе ги напуштиле своите домови. Според локалната агенција за катастрофи, бројот на евакуирани лица се зголемува. Жителите кои останаа дома се соочуваат со недостиг на вода, храна и маски, велат локалните власти.

„Додека ерупцијата продолжува, со неколку секундарни експлозии и облаци од пепел што се движат кон запад и север, погодените заедници кои не се преселени… бараат фокусирани напори за итен одговор“, вели Паулус Сони Санг Тукан, кој го води селото Пулулера, на околу 8 км од Левотоби Лаки-лаки.

„Водата е сè уште достапна, но постои загриженост за нејзината чистота и дали е контаминирана, бидејќи целата наша област беше покриена со густ вулкански пепел за време на вчерашните [ерупции]“, рече тој.

Најмалку 24 летови до и од популарниот туристички остров Бали беа откажани во понеделник поради вулканска активност, а дел од воздушниот сообраќај беше обновен во вторник наутро.

Според Мухамед Вафид, раководител на геолошката агенција на Индонезија, ерупцијата во 11:05 часот по локално време била најсилната од ноември минатата година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни