Силна експлозија во Кабул: најмалку седум загинати, меѓу повредените жени и дете

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе се повредени во силна експлозија во центарот на Кабул. Инцидентот се случил во хотел во Шахр-е-Нав.

Најмалку седум лица загинаа, а десетина се повредени во експлозија што денеска се случи во центарот на Кабул, главниот град на Авганистан, соопшти италијанската невладина медицинска организација „Emergency“.

Според организацијата, нивниот хируршки центар во Кабул примил 20 лица по експлозијата, меѓу кои седум веќе починати, пренесува агенцијата AP.

„Меѓу повредените има четири жени и едно дете“, изјави директорот на организацијата во Авганистан, Дејан Паниќ.

Експлозија во хотел во еден од најбезбедните делови на градот

Авганистанската полиција соопшти дека експлозијата се случила во хотел во областа Шахр-е-Нав, дел од градот во кој претежно живеат странци и кој важи за еден од побезбедните квартови во Кабул.

Причината за експлозијата засега не е позната.

Кинеската државна телевизија CCTV јави дека двајца кинески државјани се тешко повредени, додека еден работник од обезбедувањето загинал во експлозијата, која според нивните информации се случила во ресторан.

Претходно во текот на денот, полицијата потврди дека има жртви во експлозија во областа Шахр-е-Нав, но без да изнесе дополнителни детали.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни