Силна експлозија на аеродромот Гетвик во Лондон

„Противпожарната служба на аеродромот реагираше на пожар на возило пред паркингот кај Северниот терминал попладнево. Пожарот е изгаснат. Пристапот кон Северниот терминал беше привремено обуставен за време на интервенцијата, но сега повторно е отворен.

Силна експлозија одекна денеска на аеродромот Гетвик во Лондон. Неколку моменти подоцна, едно возило се најде во пламен. На социјалните мрежи беа објавени вознемирувачки снимки. На нив се гледа како автомобилот почнува да испушта чад додека чека на излезната рампа, пред целосно да се запали и да исчезне во пламенот.

Автомобилот е целосно уништен во пожарот. На снимката може да се слушнат силни експлозии, пренесе The Mirror.

Пожарот во меѓувреме е изгаснат со интервенција на противпожарните екипи. Две противпожарни возила од Противпожарната и спасувачка служба на Западен Сасекс биле испратени на терен.

„Сè уште апелираме до жителите кои живеат во близина да го избегнуваат подрачјето околу паркингот кај северниот терминал, заради безбедноста на јавноста, персоналот и останатите патници“, соопштија надлежните.

Еден сведок, кој сакал да остане анонимен, го опиша настанот како „трауматичен“:

„Беше навистина трауматично бидејќи пожарот беше огромен. Луѓето врескаа додека експлодираа гумите – звучеше како експлозии или истрели. Го видов целиот настан. Возилото запре кај рампата и почна да испушта чад. Еден човек од британскиот авто-мото клуб излезе со противпожарен апарат, но не успеа да го изгасне огнот. Чадот се претвори во пламен, а потоа возилото целосно се запали. Дури и столбот до него почна да гори.“

Сведокот, кој бил на седумчасовeн трансфер и излегол да вдише свеж воздух, верува дека возачот успеал да избега од запаленото возило.

Портпарол на аеродромот Гетвик изјави:

„Противпожарната служба на аеродромот реагираше на пожар на возило пред паркингот кај Северниот терминал попладнево. Пожарот е изгаснат. Пристапот кон Северниот терминал беше привремено обуставен за време на интервенцијата, но сега повторно е отворен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни