Силна бура во Ирска и Шкотска – ветрови и над 100 километри на час

Бурата „Флорис“ би можела да влијае и на делови од Северна Ирска, Велс и северна Англија, соопшти Метеоролошката служба

Бурата „Флорис“ денеска ги зафати бреговите на Ирска и Шкотска и донесе невообичаено силен ветер кој предизвика прекин со снабдување со електрична енергија во неколку области.

Метеоролошката служба на Велика Британија издаде портокалов ниво за опасни ветрови во Шкотска од бурата Флорис, што значи дека постои ризик за животот и имотот, особено од големите бранови во крајбрежните области.

Железничките компании го откажаа железничкиот сообраќај низ поголемиот дел од Шкотска, а откажани се и дел од фериботски услуги.

Бурата „Флорис“ би можела да влијае и на делови од Северна Ирска, Велс и северна Англија, соопшти Метеоролошката служба.

Шкотската министерка за правда и внатрешни работи Анџела Констанс ги повика луѓето да бидат внимателни ако патуваат.

„Погрижете се да имате топла облека, храна, вода, доволно гориво и вашиот мобилен телефон да биде наполнет“, рече таа.

Бурата Флорис донесе силни ветрови и на островот Ирска, при што околу 10.000 домови во Република Ирска се без струја, а временските предупредувања остануваат на сила од двете страни на границата, но се чини дека островот ќе биде поштеден од најлошото од бурата.

Неколку летови се откажани во Северна Ирска, неколку јавни згради се затворени, а мал број домови се без струја.

Ветровите се со брзина до 95 км/ч регистрирани во Еглинтон и Магилиган во округот Лондондери, Северна Ирска, а на поедини места тие можат да достигнат брзина и од над 110 километри на час. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни