Силна бура го погоди северниот дел на Италија

Пожарникарите морале да интервенираат над70 пати поради обилните дождови во текот на изминатиот ден, соопштија локалните власти

Силни бури го погодија италијанскиот северен регион Ломбардија, особено покраините Комо, Монца и Варезе.

Пожарникарите морале да интервенираат над 70 пати поради обилните дождови во текот на изминатиот ден, соопштија локалните власти.

Во градот Турате (Комо), пожарникарите спасиле возач кој бил заробен во поплавен подвозник.

Ново свлечиште е забележано во Брусимпијано (Варезе), додека во Лавена Понте Треса, поток се излеал предизвикувајќи проблеми на улицата.

Патот Реџина во Арџењо е исто така затворен поради лизгање на земјиштето и одрони на камења, соопштија локалните власти.

Италијанските медиуми објавија дека до зори, во северниот дел на Милано наврнале 30 милиметри дожд и над 80 милиметри во Падерно Дуњано, што предизвикало излевање на реката Севесо од своите корита и поплавување на неколку населби во северниот дел на градот.

Во Милано, покрај Севесо, и реката Ламбро е на многу високо ниво. Вода излегла од шахтите на Виа Виторини, клучен сообраќаен јазол, каде што се поставени бариери против поплави за заштита на домовите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни