Ирскиот актер Силијан Марфи бил подложен на ригорозна диета во која јадел само еден бадем дневно за улогата во филмот „Опенхајмер“. Овој детаљ го откри неговата колешка Емили Блант во интервју за магазинот „Екстра“.
„Можеше да јаде само по еден бадем секој ден. Беше толку слаб“, рече таа. Во споменатиот филм, Емили ја игра Кити Опенхајмер, сопругата на Џ. Роберт Опенхајмер.
Марфи за Њујорк Тајмс изјави дека морал многу да ослабе бидејќи Џеј Роберт живеел од виски и цигари.
„Како да сте во воз што е бомбардиран во моментов. Спиеш неколку часа, стануваш и почнуваш од почеток. Функционирав со некоја луда енергија. Поминав невидлив праг после кој повеќе не ми беше грижа за храната или за било што друго. Бев толку заљубен, во состојба на хипер… нешто, но беше добро затоа што ликот што го глумев беше таков. Никогаш не јадел“, рече тој.
Опенхајмер е филм базиран на книгата „Американскиот Прометеј“ од 2005 година на Каи Бирд и Мартин Џеј Шервин, го следи создавањето на атомската бомба за време на Втората светска војна низ очите на физичарот и водач на проектот „Менхетен“, Роберт Опенхајмер.
Покрај Марфи и Блант, во филмот глумат и Мет Дејмон, Роберт Дауни Џуниор, Алден Еренресих, Скот Грајмс, Џејсон Кларк, Курт Колер…
Извор: Klix.ba