Јапонија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, источно од островот Хоншу, на длабочина од десет километри и на растојание од 194 километри од градот Хачинохе.
Досега нема извештаи за повредени или евентуална материјална штета.
Не е издадено предупредување за цунами.
