Силен земјотрес во Индонезија, има и жртви

Во градот Манадо, едно лице загина откако се урна зграда, додека друго е повредено, објави индонезиската национална новинска агенција Антара
This aerial shot taken with a drone shows the rubble of a building that collapsed at the compound of an Islamic boarding school in Sidoarjo, East Java, Indonesia, Tuesday, Sept. 30, 2025. (AP Photo/Trisnadi)

Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погодил индонезискиот остров Тернате, при што загинало најмалку едно лице, јавуваат светските агенции.

Земјотресот се случил на длабочина од 35 километри и предизвикал предупредувања за цунами кои подоцна биле повлечени.

Во градот Манадо, во покраината Северен Сулавеси, едно лице загина откако се урна зграда, додека друго е повредено, објави индонезиската национална новинска агенција Антара.

Иако регионот има високо ниво на сеизмичка активност, некои жители за Би-Би-Си изјавија дека ова е еден од најсилните земјотреси што ги почувствувале во последните најмалку шест години.

Главниот шок беше проследен со десетици последователни потреси, вклучувајќи еден со магнитуда од 5,9 степени, што дополнително го вознемири населението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни