Силен земјотрес од 7 степени го погоди Тајван

Епицентарот е 63 км југоисточно од Килунг, на длабочина од 73 км; не е објавена закана од цунами

Земјотрес со јачина од 7 степени е регистриран покрај брегот на Тајван, соопшти метеоролошката служба на островот, цитирана од светските агенции.

Епицентарот на земјотресот бил 63 километри југоисточно од градот Килунг, каде што живеат околу 397.000 луѓе, и на длабочина од 73 километри, пренесува БТА.

Во моментов нема извештаи за повредени или штети, а не е објавена закана од цунами.

Националната противпожарна служба соопшти дека се врши проценка на штетите.

Тајван се наоѓа во близина на пресекот на две тектонски плочи и таму често се случуваат земјотреси, забележува Ројтерс.


Повеќе од 100 луѓе загинаа во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година, а во 1999 година земјотрес со магнитуда од 7,3 степени одзеде повеќе од 2.000 животи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни