Силен земјотрес од 6,7 Рихтер ги погоди Филипини

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погодил источниот дел на Филипини. Се очекуваат појакнати потреси и можни оштетувања, а властите апелираат на внимателност.

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени Рихтер го погоди Филипини, 68 километри источно од Бакулин, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Филипинската сеизмолошка агенција Phivolcs предупреди на можност за појаки потреси и потенцијални оштетувања, иако засега нема пријави за повредени или сериозни штети.

Властите ја следат ситуацијата и апелираат до граѓаните да бидат внимателни и подготвени за можни последователни потреси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни