Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на пацифичкиот остров Фиџи, соопшти Европско-медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Според објавените податоци, eпицентарот бил во отворено море на длабочината изнесувала 592 километри. Локацијата била на околу 467 километри од Сува, главниот град на Фиџи
Поради големата длабочина, ваквите земјотреси често имаат помало влијание на површината.
Засега нема информации за повредени лица или материјална штета. Надлежните служби ја следат состојбата.