Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтеровата скала ја погоди областа источно од Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Според извештаите, епицентарот бил на отворено море, на длабочина од 40 километри, околу 129 километри од градот Петропавловск-Камчатски.
До сега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Не е издадено предупредување за опасност од цунами.
Камчатка беше погодена на 30 јули оваа година од земјотрес со јачина од 8,8 степени, најсилен во светот од земјотресот во Јапонија во 2011 година.