Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтеровата скала ја погоди минатата ноќ обалата на северните Курилски острови, соопшти шефицата на сеизмичката станица во Сахалинск, Елена Семјонова.
Според првичните податоци, епицентарот на потресот се наоѓал во Тихиот океан, околу 78 километри југоисточно од градот Северо-Курилск на островот Парамушир, на длабочина од 56 километри.
Семјонова истакна дека не е издадено предупредување за цунами, а засега нема информации за повредени лица или материјална штета, пренесува руската агенција РИА Новости.
Курилските острови се сеизмички активна област, каде што често се регистрираат земјотреси поради спојот на Пацифичката и Евроазиската тектонска плоча.
