Силен земјотрес на Кипар: Одрони во Пафос, паника меѓу туристите и локалното население

Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер ја погоди Кипар околу 10:30 часот по наше време. Епицентарот беше во областа Пафос на длабочина од 17 километри, а граѓаните сведочат дека потресот предизвика одрон во селото Полеми.

Кога почна да се тресе земјата, граѓаните во паника излегоа на улиците.

„Скали и камења се лизгаа по ридот“, изјавија мештаните.

Овое село го почувствува најсилниот удар.

„Целата куќа се тресеше, беше страшно“, велат жителите на ова мало село.

И во околните села ситуацијата беше драматична.

„Подот во спалната почна да се тресе како нешто да ќе пробие оддолу. Потоа погледнав кон кујната и видов дека сè се тресе и паѓа. Лустерите се лизгаа лево-десно“, сведочат граѓаните.

Земјотресот предизвика страв кај населението на повеќе места на островот.

Жителите на Лимасол велат дека земјотресот „се почувствува доста добро“ во зградите.

„Лустерите трепереа, мебелот се тресеше. Ние сме на првиот кат и никогаш не сме доживеале вакво нешто“, напишаа граѓаните на платформата EMSC.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни