Силен земјотрес од јаки 6,8 степени во Јапонија – издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,8 степени погодил Јапонија, со епицентар источно од островот Хоншу. Има издадено предупредување за цунами, а граѓаните се советуваат да се оддалечат од обалата.

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погодил денес Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот бил на отворено море, источно од островот Хоншу, на длабочина од 10 километри.

Исто така, е издадено предупредување за опасност од цунами. Се очекува брегот на префектурата Ивате да биде погоден од бран со висина до еден метар. Граѓаните се советувани да се оддалечат од обалата.

Според очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот не се почувствувал силно, иако траел околу еден минут. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни