Силен земјотрес ја стресе Италија: потрес од 5,9 степени во Тиренското Море

Потресот се случил неколку минути по полноќ, на длабочина од околу 377 километри, покажуваат податоците на Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер рано утринава го погоди Тиренското Море, во близина на западниот брег на Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Потресот се случил неколку минути по полноќ, на длабочина од околу 377 километри, покажуваат податоците на Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).

Според сеизмолозите, земјотресите што се случуваат на длабочина поголема од 300 километри се класифицираат како длабоки земјотреси, кои често се чувствуваат на пошироко подрачје, но поретко предизвикуваат сериозна штета на површината.

Засега нема информации за повредени лица или материјална штета, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни