Јапонија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот е регистриран во морето во близина на архипелагот Рјукју, на длабочина од околу 10 километри, на приближно 187 километри од Окинава.
Според првичните информации, засега нема пријави за повредени лица ниту за материјална штета. Локалните надлежни служби исто така не издале предупредување за цунами, што укажува дека ситуацијата е под контрола.
Јапонија, која се наоѓа на една од најсеизмички активните зони во светот, често се соочува со вакви потреси, но не сите резултираат со сериозни последици.