Во раните утрински часови, силен земјотрес со јачина од 4.2 степени според Рихтеровата скала предизвика вознемиреност кај жителите на Скопје и околните региони. Епицентарот на потресот беше лоциран на 17 километри од Призрен, на границата меѓу Албанија и Косово, на длабочина од 10 километри.
Потресот беше интензивно почувствуван не само во Македонија, туку и во делови од Косово и Албанија. Иако краткотраен, земјотресот ги разбуди многумина, предизвикувајќи паника, но досега нема информации за материјални штети или повредени лица.
Како што пријавуваат граѓаните земјотресот значително беше почувствуван и во Тетово, а траеше дури неколку секунди.
Надлежните служби ја следат состојбата, а се апелира на смиреност кај граѓаните.