Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул, соопшти турската агенција за вонредни ситуации. Засега нема информации за причинета штета или повредени лица.
Според податоците на Американската геолошка служба, земјотресот имал длабочина од 10 километри, а епицентарот се наоѓал околу 40 километри југозападно од Истанбул, во Мраморното Море, пренесува AP.
Земјата се тресела и во неколку соседни региони, јавуваат медиумите.
Турција се наоѓа на две големи тектонски раседи, поради што земјотресите се честа појава.
Да потсетиме, разорниот земјотрес од 7,8 степени што ја погоди Турција на 6 февруари 2023 година, беше проследен со уште еден силен потрес неколку часа подоцна. Илјадници згради беа уништени или оштетени во 11 јужни и југоисточни провинции, а животот го загубија над 53.000 луѓе. Во северниот дел на соседна Сирија загинаа уште 6.000 лица.