Силен земјотрес во Кина – евакуирани 8.000 луѓе, оштетени над 4.000 куќи

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри кај градот Дингси и бил силно почувствуван во соседните окрузи Џангсиан, Веијуан, Линтао и Вушан, објави Синхуа.

Девет лица се повредени, 4.328 куќи се оштетени, а 7.812 жители се евакуирани откако земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Лонгси, градот Дингси, во северозападната кинеска покраина Гансу, утрово, соопшти Кинескиот центар за земјотресни мрежи (CENC). 

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри и бил силно почувствуван во соседните окрузи Џангсиан, Веијуан, Линтао и Вушан, објави Синхуа.

Спасувачите и полицијата го насочуваат сообраќајот и ги проценуваат ризиците на патиштата во погодените области. Кинеската администрација за земјотреси активираше итен одговор од трето ниво, додека Државниот совет и Министерството за вонредни ситуации започнаа одговор од четврто ниво и испратија работна група во погодените области.

Пет повредени лица се хоспитализирани во локалната болница во Лонгси, сите се во стабилна состојба. Националните и локалните спасувачки сили се распоредени во епицентарот за да му помогнат на населението и да ги отстранат последиците од земјотресот.

Според Министерството за вонредни ситуации, на пат се дополнителни 200 спасувачи и 28 возила од локалните сили, како и 26 членови на специјализирани тимови со седум возила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни