Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди Јапонија. Според достапните информации, епицентарот на потресот бил лоциран на островот Хоншу.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од приближно 13 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
(Telegraf.rs)