Снегот што паѓаше во текот на ноќта во поголем дел од Босна и Херцеговина предизвика сериозни потешкотии во сообраќајот, особено во централните и источните делови од земјата, предупреди Босанско херцеговачкиот авко клуб.
Забрани за камиони и критични планински превои
Проблемите најмногу се однесуваат на товарниот сообраќај. Критични точки се планинските превои, каде за камионите се препорачува задолжителна употреба на синџири.
Целосно е забранет сообраќајот за камиони на превоите преку планината Романија, на релациите меѓу Сараево и Рогатица, како и меѓу Власеница и Хан Пијесак.
Сообраќајот од Сараево кон источна Босна, односно кон Фоча, се одвива со големи потешкотии. Магистралниот пат на овој правец претходно беше затворен поради оштетување на мост, а новите снежни врнежи ги блокираа и алтернативните макадамски патишта. Во моментов единствена можна обиколница е преку Горажде.
Силен ветер создава снежни наноси
На планинскиот превој Макљен, меѓу Прозор и Горњи Вакуф/Ускопље, товарните возила мора да имаат синџири. На сила е и предупредување за силен ветер кој создава снежни наноси на патот меѓу Купрес и Шуица.
Дополнителни проблеми има и на магистралниот пат од Бугојно кон Купрес, на превојот Копривница, каде по превртување на цистерна со гас сообраќајот се одвива отежнато, по една сообраќајна лента.
Извор: Hina