Силен студ и ветер од североисток: викендов снег и расчистување на загадениот воздух

Викендов, на 27 и 28 декември, во Македонија ќе продре многу ладен воздух од североисток, кој ќе донесе значително заладување, силен ветер и локално провејување на слаб снег.

Според најавите, ќе дува силен ветер од северен правец, кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 80 километри на час. Токму овој ветер се очекува да придонесе за расчистување на воздухот, особено во котлините каде во изминатиот период се регистрира зголемено аерозагадување.

Во Скопје и околината времето исто така ќе биде многу студено. Во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег, а северниот ветер повремено ќе достигнува брзина од 60 до 70 километри на час.

Утринските температури за време на викендот ќе се движат од -7 до 0 степени, додека дневните максимални температури ќе се искачуваат од -3 до 4 степени Целзиусови.

Уште постудено утро се очекува во понеделник, 29 декември, кога температурите ќе се спуштат од -10 до -2 степени, а на повисоките населени места и планините и под -10 степени.

Граѓаните се советуваат да се подготват за изразено студено време и да носат топла облека.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни