Силен скок на акциите на технолошките гиганти по договорот меѓу Кина и Трамп

По успешните викенд-разговори меѓу Пекинг и Вашингтон, инвеститорите здивнаа со олеснување бидејќи беше објавен привремен прекин на примената на царините.

Цените на акциите на глобалните технолошки компании и производители на чипови денеска забележаа значителен раст на светските берзи, откако САД и Кина постигнаа договор за намалување на „реципрочните“ царини од 125 на 10 проценти.

Технолошките компании, особено производителите на полупроводници и паметни телефони, беа под голем притисок последните недели поради трговскиот конфликт меѓу двете најголеми светски економии, што го загрозуваше глобалниот синџир на снабдување и имаше негативно влијание врз работењето на големите американски компании.

По успешните викенд-разговори меѓу Пекинг и Вашингтон, инвеститорите здивнаа со олеснување бидејќи беше објавен привремен прекин на примената на царините.

Скок на акциите на големите имиња

На американскиот пазар, акциите на Nvidia пораснаа за околу 4%, а на AMD за 5%. Broadcom и Qualcomm забележаа речиси 5% раст. Акциите на Marvell, кои минатата недела го одложија инвеститорскиот ден поради несигурности, пораснаа за 7.5%. Тајванскиот TSMC, најголем светски производител на чипови, бележи 4% раст на акциите. Во Европа, акциите на ASML, производител на опрема за најнапредни чипови, се зголемија за 4.5%.

Apple и Amazon повторно во подем

Иако претседателот Доналд Трамп минатиот месец иззеде полупроводници и одредени електронски производи од царинскиот план, Белата куќа предупреди дека тоа е само привремена мерка. Ова создаде грижи кај инвеститорите, особено поради влијанието врз компании како Apple и Amazon, кои се силно зависни од кинеското производство и снабдување.

Apple, кој произведува 90% од iPhone уредите во Кина, очекува зголемени трошоци од 900 милиони долари поради царините. Акциите денеска пораснаа над 6%. Amazon, чии продавачи често зависат од кинески добавувачи, бележи скок на акциите од над 8%.

Значаен раст забележаа и кинеските технолошки компании што котираат на американските берзи – Alibaba, JD.com и Baidu беа меѓу најголемите добитници.

.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни