Kако меѓународната филмска критика го оцени „17“ – Филмот на Косара Митиќ меѓу најголемите откритија на Berlin International Film Festival

AwardsWatch го опиша како моќно и вознемирувачко деби што ја разобличува цената на тишината и соучесништвото

Филмот „17“ на Косара Митиќ по светската премиера на Берлинале доби исклучително позитивни критики од релевантни меѓународни медиуми.

AwardsWatch го опиша како моќно и вознемирувачко деби што ја разобличува цената на тишината и соучесништвото. Посебно е пофалена изведбата на младата актерка Ева Костиќ, како и воздржаниот, но прецизен режисерски пристап.

Cineuropa ја истакна авторската зрелост на Митиќ во ова деби остварување и визуелната доследност зад камерата на Наум Доксевски, оценувајќи дека станува збор за исклучителен креативен тандем.

Британскиот The Observer го вброи „17“ меѓу “најдобрите откритијата на фестивалот”, додека Goethe-Institut нагласуваат дека филмот отвора важни прашања за стравот, молкот и колективната одговорност.

Дел од позитивните реакции пристигаат и од меѓународната публика што имаше можност да го гледа филмот.

Со вакви реакции, „17“ се наметнува како едно од најзабележаните деби на годинашното Берлинале.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни