Силен јужен ветер го отежнува авиосообраќајот над Скопје

Силен јужен ветер попладнево го наруши редовното функционирање на авиосообраќајот над Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Поради временските услови, два авиони не можеле да слетаат и во моментов кружат над градот додека чекаат нови инструкции.

Дополнително, уште два лета биле пренасочени кон аеродромот во Приштина. Како што информираат од ДЗС, ветерот е најсилен на поголема височина, што го прави слетувањето небезбедно и го отежнува приодот на авионите кон скопскиот аеродром.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни